Хидрогел перници „Јуниор„ хит на саемот за мебел

28.03.2014 12:00 | KumanovoNews

Компанијата за производство на сунѓер и душеци „Јуниор„ од Куманово, на годинешниот саем за мебел во Скопје, за првпат на македонскиот пазар промовираше еластични душеци, латофлекс рамки и хидрогел перници.

Хидрогел перници „Јуниор„ хит на саемот за мебел

 Новите производи предизвикаа големо внимание кај посетителите, а купувачите посебен интерес покажаа за италијанските перници.

Хидрогел перници се последен тренд на технологијата и многу се прифатени во западно-европските земји. Изработени се од специјален матерјал кој не дозволува телото да се поти. Хидрогелот има функција да ја намалува телесната температура на телото од 3-4 степени. Овие перници се особено препорачливи за летниот период кога е многу топло. Нивна предност е и во тоа што двете страни имаат различна функција. Хидрогелот го спречува потењето, а во зима се користи другата страна со фул мемори пена која е флексибилна и овозможува прилагодување на вратот. Разликата од класичните перници е во тоа што се многу еластични и нудат поголема удобност,- вели Александар Божиновски, менаџер за продажба во Јуниор.

Освен перници и душеци, претпијатието понуди и механизми латофлекс за регулирање на положба на душек и перница, како и мијалници и чешми.

Штандот на Јуниор се наоѓа во првата хала на Скопски саем, каде граѓаните можат да ги видат сите нови производи и да ги купат по саемски попуст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk