ХИВ караванот го посети Куманово

12.11.2015 13:45 | KumanovoNews

ХИВ караванот денеска го посети Куманово при што беше организиран хепенинг на Градскиот плоштад.

ХИВ караванот го посети Куманово

Краванот го организираат Интер - етник проект од Гостивар и ПЛУС од Куманово, како дел од проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој - застапување, комуникација и социјална мобилизација“. Целта  е да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и туберколоза кои се имплементираат во градот.

Работиме во сите општини, тоа се 12 града во Македонија и проектот се реализира веќе 4 години во Македонија. Поминати се 8 градови и останати се уште Куманово, Скопје и Кичево. Во 2016 година за жал глобалниот фонд престанува да ги финансира овие програми и на тој начин се отвара ризик за зголемување на бројот на лица кои користат дроги, да се зголеми ХИВ и други болести - изјави Александра Наумческа, претседател на ИПК Гостивар.

Целта на хепенингот е граѓаните да се запознаат со програмите кои овие невладини ги реализираат.

Локални бендови, диџеи ќе свират, ќе има театарска претстава. Ова трае од 2007 година во Куманово. Работиме на програма за намалување на штети од употреба на дрога и намалување на стапка на преваленца на СИДА. Резултати има, но надлежните треба да ги соопштат. Досега немаме случај на ХИВ позитивен случај, а од 2007 година па наваму секој месец по неколку луѓе тестираме - вели Наташа Трајковска, претседател на ПУЛС Куманово.

На граѓаните им беа поделени брошури и фалери за да се запознаат со програмите и резултатите кои ги постигнале овие невладини организации.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk