Хор од Лесковац ќе пее во “Зафир Сајто“

09.12.2014 09:45 | KumanovoNews

Хор од Здружението на пензионери на град Лесковац, утре во 10.30 часот ќе настапи во Домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Хор од Лесковац ќе пее во “Зафир Сајто“

Оваа посета се реализира во соработка со Здружение на пензионери Куманово.

“Ние во јуни бевме кај нив на фестивал, а  сега во рамки на нашата културна соработка се договоривме да ги посетат старите лица во “Зафир Сајто“. Соработката со пензионерите од Лесковац трае неколку години“ - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Додека траеше Неделата за грижа на старите лица, кумановските пензионери два пати ги посетија луѓето згрижени во “Зафир Сајто“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk