Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Храна има, нема простор за паника, субвенциите ќе бидат исплатени, а земјоделците можат да продолжат со работа, рече министерот за земојделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Министерот Димковски ги повика граѓаните да бидат спокојни бидејќи храна има доволно, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и нема простор за паника.
„Во тек е пролетна сеидба на пченка и сончоглед и таа треба да продолжи непречено, да се насадат и насеат нивите. Секако и во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата во оваа вонредна состојба. Земјоделските аптеки нема да бидат затворени. Набавката на сточна храна со регулирањето на протоколите за транспорт ќе се одвива непречено. Истото важи и за набавка на репроматеријали“, изјави Димковски.
Од безбедносни причини, сточните пазари во моментов се затворени. Движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните. Земјоделските производи на зелените пазари можат да се продаваат, но секако, важно е да се почитуваат препораките на Владата, во делот на одржување на хигиена, почитување на пропишаното растојание од еден метар, пазарење во разумни количини.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk