„Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница

03.07.2015 09:21 | KumanovoNews

Основното училиште „Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница за одржување на часови по англиски јазик, која е опремена со помош на Мировен корпус.

„Христијан Карпош“ доби мултимедијална училница

Училницата располага со техничка опрема, нагледни средства, а  ќе добие и мини библиотека со литература на англиски јазик, прилагодена на возраст на учениците.

Имаме лап топ, лцд, двд плеери, табла, игри, односно техничка опрема за активна, интегрирана настава за унапредување на англискиот јазик. Ќе почнеме да ја употребуваме оваа училница од септември. Децата не само што ќе одржуваат часови, туку ќе можат да прават и проекти - вели Милица Тимчевска, професор по англиски јазик.

Тимчевска смета дека современите услови ќе ги мотивираат децата повеќе да учат и да го совладаат англискиот јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk