“Христијан Карпош„ се подготвува за патронат

31.01.2014 10:10 | KumanovoNews

Учениците од основното училиште “Христијан Карпош“ се подготвуваат за прослава на  патрониот празник на 6 февруари, а претходно цела недела ќе имаат активности.

“Христијан Карпош„ се подготвува за патронат

Ќе бидат организирани спортски натпревари меѓу одделенија во мал фудбал и ракомет. Во среда ќе има поетски митинг, во четврток ќе биде приредбата со наслов “Во прегратките на Македонија“, а во петок ќе положиме свежо цвеќе пред бистата во дворот. Ова е 55 патронен празник од постоење на училиштето - вели директорката Лидија Костиќ.

Во ова училиште заедно со подрачните од Тромеѓа и Иго Тричковиќ се образуваат 1400 ученици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk