Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање - Божиќ, еден од најголемите и најрадосните верски празници.
Традиционално големиот празник се дочекува со богата посна бадникова трпеза.
Во сите православни храмови изутринава се одржаа божиќни литургии. Во црквата Свети Никола по повод Божиќ во 7 часот имаше утрено богослужение, а во 8 часот свечена божестеван литургија.
Божиќ се слави три дена.
Традиционално граѓаните слават со богата бадикова трпеза со целото семејство и си го честитаа празникот со зборовите:
Христос се роди! Вистина се роди!
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk