Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст, денеска и утре да не одат на работа поради екстремно ниските темпреатури, препорачуваат надлежните
Министерството за здравство препорачува, денеска и утре да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст, а за работниците на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по нивното здравје.
Работниците, кои што работат на отворено треба работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.
Препораките се однесуваат на целата држава со посебен акцент на Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk