Хуманитарен базар за помош на жртвите од насилство

04.12.2013 14:28 | KumanovoNews

Ракотворби и слатки изработени од членките на Женски центар и Локален совет за превенција од насилство, денеска на Градскиот плоштад се продаваа по симболични цени.

Хуманитарен базар за помош на жртвите од насилство

Собраните средства од продажниот хуманитарен базар ќе бидат донирани за помош на жените и децата жртви на семејно насилство.

Ќе бидат доделени на жените жртви кои се пријавиле во Женскиот центар “Жена на 21 век“ и Центарот за социјални работи. Со денешниот настан се вклучуваме во националната кампања “16 дена во борба против семејно насилство“. Цените на производите се скромни и ќе настојуваме на што повеќе жени да се помогне. - вели Виолета Петровска, член на бордот на Женски центар “Жена на 21 век“.

На штандовите се нудеа и производи кои ги донираа локалните бизнисмени. Ваков базар за првпат се оддржува во Куманово и доколку има интерес можно е тој да биде традиционален.

Од наша страна мислиме дека треба да се почне од некаде. Ако има интерес кај граѓаните и кај оние кои можат да донираат и да помогнат барем минимално, ова ќе прерасне во традиција - рече Татјана Крстевска, претседател на невладината “Сирма“.

Претходно кумановските невладини организации овие “16 дена за борба против семејно насилство“ ги одбележуваа со работилници, а оваа година се одлучија да направат нешто поразлично на локално ниво.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk