Хуманитарен базар за “Порака наша“

10.04.2015 09:21 | KumanovoNews

 Ротаракт клуб Куманово, здружението ИНЕР ВИЛ клуб Куманово и Ротари Куманово, утре ќе организираат хуманитарен базар за помош на штитениците од дневниот центар “Порака наша“.

Хуманитарен базар за “Порака наша“

На две локации во градот, на плоштадот Маршал Тито и пред супермаркетот Мај Маркет на “Октомвриска револуција“ ќе се продаваат велигденски јајца, изработени од членовите на клубовите и корисниците на Дневниот центар “Порака наша“.

Мотото на оваа хуманитарна акција е „Креирај подобро утре. Донирај малку – помогни многу”. Собраните средства ќе бидат наменети за лицата згрижени во “Порака наша“, и затоа организаторите ги повикуваат граѓаните на дело да ја покажат својата хуманост.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk