Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартија Станојковиќ и талентирани деца од Куманово, утре во 13 часот ќе пеат и сликаат на плоштадот во Куманово.
Со тоа ќе дадат поддршка за добротворната акција на Жито Лукс за опремување на детскиот оддел од Општата болница во Куманово.
Покрај настапот на Мартија, во текот на настанот младите уметници од Куманово ќe цртаат и нивните цртежи ќе го разубават детскиот оддел. За посетителите на настанот, компанијата Жито Лукс подготви и подароци.
Кампањата во Куманово започна во септември и од средствата кои беа собрани во претходниот период е реализиран првиот дел од донацијата, кога беа донирани ЕКГ апарат, аспиратор, инхалатори, медицинска опрема и инвентар, неопходни за потребите на одделението и создавање на попријатни услови за престој на дечињата. До крајот на акцијата Жито Лукс планира да набави дополнителна неопходна опрема за полесно функционирање на одделението.
Под мотото „Растеме со вашата поддршка – Донирајте за иднината!“, Жито Лукс со поддржувачите на кампањата, помага во купување опрема на детскиот оддел. Од секој купен производ на Жито Лукс се одвојуваат средства за обезбедување на што подобри услови за престој и заздравување во детските болнички оддели.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk