Хуманитарна акција „Дарувај од срце“

10.02.2017 10:08 | KumanovoNews

Форумот на жени на СДСМ и оваа година традиционално по шести пат ќе ја спроведува хуманитарната акција „Дарувај од срце„.

Хуманитарна акција „Дарувај од срце“

Акцијата ќе се одржи утре во 12 часот, истовремено во сите градови на Р.Македонија. Собирното место во Куманово ќе биде во седиштето на ОО СДСМ (поранешен комитет) во 12 часот од каде заедно ќе се тргне кон Црвен крст Куманово, каде ќе биде достави донацијата.

„Хуманоста не познава граници, вера, различност, освен широко отворени срца полни со љубов. Ве покануваме да ни се придружите заедно да стоплиме и да им покажеме дека не се сами враќајќи им ја довербата во достоинствен живот. Секоја наша членка и симпатизерка е добредојдена на оваа акција со својата донација да измами уште една насмевка, да стопли едно човечко суштество кое најчесто без своја вина останало без основните средства за егзистенција, - стои во соопштението на Форумот на жени на СДСМ.

Ќе се собира топла облека, обувки и ќебиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk