Хуманитарна акција - „Креирај подобро утре. Донирај од срце!“

26.04.2019 09:47 | KumanovoNews

Ротаракт Клуб Куманово, во соработка со Инер Вил Клуб Куманово и Ротари Клуб Куманово, по петти пат ја организира традиционалната Велигденска акција "Креирај подобро утре. Донирај од срце!".

Хуманитарна акција - „Креирај подобро утре. Донирај од срце!“

 Акцијата ќе се одржи  утре (сабота) со почеток во 12:00 часот, на Градскиот плоштад Куманово, наспроти Тинекс.

Собраните средства, ќе бидат наменети за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби.

„Целта на акцијата е преку продажба на бојадисани јајца и велигденски декорации, изработени од учениците од основните училишта, децата од Дневниот центар за лицата со посебни потреби и Центарот за ран детски развој Балтазар, да собереме средства кои ќе ги донираме на оние на кои им е потребна помош, - соопштуваат организаторите.

Настанот е поддржан од здружението Коледари Куманово, Центарот за ран детски развој Балтазар, Црвен Крст Куманово, ОУ "Христијан Карпош", ОУ "Кочо Рацин" и ОУ "11 Октомври".

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk