Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ

16.12.2017 18:15 | KumanovoNews

Традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“ што ја спроведува Форумот на жени на СДСМ, за помош на сиромашните семејства денеска се одржа во Куманово.

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ

Топлата облека, обувки и ќебиња е само дел од помоштта што ќе биде поделена на семeјствата преку општинската организација на Црвеникот крст.

„Со оваа масовна хуманитарна акција се обидуваме да им ги стоплиме срцата на оние на кои им е оваа помош најпотребна. Знаеме дека ова не е многу, но подарено е со голема љубов и како што вели и мотото на акцијата дарувано е од срце. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме за поубави новогодишни и божиќни празници“,- изјави Атина Мургашанска, претседателка на Форум на жени СДСМ.

Оваа година во акцијата  се вклучиле и активистките на НСДП Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk