Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението „Кумановски акцијаши“ стартуваше со хуманитарната акција за прибирање на облека и обувки под назив „Биди хуман и подари“.
Акцијата е наменета за нашите сограѓани бездомници и социјално загрозени семејства кои имаат деца со посебни потреби.
„Наши екипи веќе работат на терен и ги евидентираат таквите семејства кои ќе бидат крајни корисници на помош. За акцијата веќе се изработуваат плакати и флаери кои ќе се делат во институции. Пункт за собирање на помош е седиштето на здружението, односно месна заедница Бедиње. Секој ден од 18 до 21 часот, а за оние хумани луѓе кои сакаат да донираат, а не можат да ја достават помошта, организираме прифат од нивните домови односно работни места“- рече Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
Ова е прва хуманитарна акција за оваа година, а во текот на 2016 ќе бидат организирани повеќе вакви акции.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk