Хуманитарна помош на семејство во Долно Којнаре однесе СДММ

12.11.2018 08:08 | KumanovoNews

  Социјално загрозено семејство од селото Долно Којнаре, доби помош во храна и облека, од локалниот клуб на СДММ Куманово.

Хуманитарна помош на семејство во Долно Којнаре однесе СДММ

Акцијата беше организирана, по повод 27 роденден на  Социјалдемократската младина на Македонија.

 СДММ Куманово како подмладок на политичка партија која што почива врз принципите на солидарност, хуманитарност и социјална правичност организираше хуманитарна акција во рамките на која посетивме пет члено социјално загрозено семејство и дониравме помош во вид на прехранбени продукти и облека. Увидувајќи ја нивната тешка состојба, СДММ Куманово денеска ќе однесе ќебиња, јоргани, а ќе се обиде да обезбеди технички уреди, мебел и варосување на просториите во кои што престојуваат, - информира Марио Сибиновиќ портпарол на СДММ Куманово.

 Од локалниот клуб додаваат дека акцијата не е само декларативна, а за тоа сведочи фактот дека владата ја зголемила социјалната помош за 300 % со што во значителна мера допринело за зголемување на животниот стандард на најзагрозените членови на нашето општество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk