Хуманитарна помош за 100 социјално загрозени семејства

03.11.2018 10:24 | KumanovoNews

Сто социјално загрозени семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане добија помош во храна од акцијата „Нахрани 10.000“, која ја спроведе Црвен крст во соработка со невладините организаци „Ајде Македонија“ и Инклузива Куманово.

Хуманитарна помош за 100 социјално загрозени семејства

- Црвен крст Куманово се заблагодарува на сите општествено одговорни граѓани и претпријатија, а особено до „Елида Маркети“, кои ја подржаа акцијата со дополнително донација на конзервирана храна. Се надеваме дека и во иднина овој позитивен пример за општествено одговорна компанија ќе биде следен и од останите компании од градот, - информираат од Црвен крст Куманово.

 Акцијата се спроведуваше во септември и октомври, а по успешно спроведените акции беа изработени пакети со конзервирана храна, и заедно со своите вработени и волонтери од Црвен крст Куманово беа поделени и дистрибуирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk