Хуманитарна помош за 24 семејства во Старо Нагоричане

25.02.2021 10:43 | KumanovoNews

Волонтерите од општинската организација на Црвен крст Куманово ги посетија и однесоа хуманитарна помош на повеќе семејства во селата Арбанашко, Рамно, Буковљане, Цветишница и Дејловце, кои беа најпогодените од студениот бран кој го зафати нашиот регион.

Хуманитарна помош за 24 семејства во Старо Нагоричане

„При посетата волонтерите доставија хуманитна помош во вид на семејни прехрамбени пакети за 24 социјалано загрозени семејства од овие села. Црвен крст Куманово ќе продолжи со дистрибуција на хуманитарни пакети и во иднина за најранливите категории на граѓани на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопштуваат од Црвен крст Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk