Хуманитарна помош за семејството Младеновски во Враготурце

24.11.2016 12:40 | KumanovoNews

 Oпштинската организација на Црвен крст Куманово, вчера однесе хуманитарна помош на 8 членото семејство Младеновски од село Враготурце во општина Старо Нагоричане.

Хуманитарна помош за семејството Младеновски во Враготурце

Помошта се состои од: брашно, прехрамбено-хигиенски пакети, кебиња, облека и обувки.  Семејството Младеновски живее во длабока сиромаштија само од социјална помош, во многу тешки услови отсечено од градот. Главата на семејството Новко е слеп и не може да работи, а и децата имаат проблеми со видот.

Селото Враготурец се наоѓа на 30 километри од Старо Нагоричане, на надморска висина од 1200 метри, на 50 метри до македонско-српската граница, а до селото нема пат.

Од Црвен крст Куманово, најавуваат дека ќе продолжат да го помагаат семејството во рамките на своите можности ќе му пружа најнеопходна хуманитарна помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk