И денеска без вода жителите на „Никола Тесла“ и Долно Којнаре

20.05.2021 08:30 | KumanovoNews

Жителите на улицата „Никола Тесла“ и Долно Којнаре и денеска немаат вода од градскиот водовод, поради дефект на водоводната мрежа.

И денеска без вода жителите на „Никола Тесла“ и Долно Којнаре

Ова е петти ден како имаат проблеми со водоснабдувањето. Се жалат дека вода за пиење купуваат, а за другите потреби чекаат кога на кратко ќе дојде, а потоа пак ја снемува.   

Од ЈП „Водовод“ кажуваат дека  честите и големи дефекти на водоводната мрежа, се поради старата и дотраена инсталација.

Покрај на ул. Никола Тесла и нас. Долно Којнаре, интрвенции на мрежата ќе има и на ул. Јане Сандански, ул. Иво Лола Рибар и нас. Ајдучка Чешма, соопштуваат од претпријатието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk