Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради одржување на трки во планински велосипедизам, и денеска ќе има повремено затворање на регионалните патишта кон Студена Вода и кон граничниот премин.
Од АМСМ информираат дека денеска на 23. јули во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во с.Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин.
„Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце ќе биде во прекин“, соопшти АМСМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk