Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување од Куманово се приклучи кон штрајкот и дава целосна поддршка на синдикалната организација на УПОЗ при ФЗО.
Денеска е оддржан состанок на раководителите на подрачните едници со надлежните и се надеваат дека набргу ќе се најде решение и ќе биде постигнат договор со претставниците на Министерството за финансии и Владата.
Сите вработени во локалната работна едница се во штрајк, но се примаат документите и барањата на осигурениците кои имаат итен случај.
„ Барањата за лекарски комисии, комисии за продолжување на боледување, запишување за прв пат на новороденчиња за да влезат во системот за здравствена заштита, документите за рефундирање на средства за лекови, барања за ортопедски помагала се примаат. Со ништо не сакаме, не смееме и не можеме да ги загрозиме животите и здравјето на осигурениците. Но, фактурите на јавните и приватните здравтсвени институции, ординации и аптеките не ги работиме до разрешување на ситуацијата“, велат од Фондот за здравствено осигурување.
Највата за штрајк од минатата недела поради можно намалување на платите на вработените. Од 9 јануари со препорака од Владата, се бара намалување од 21 процент, а Владата тоа го препорача како усогласување согласно донесениот буџет. Согласно,пак пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент.
Според синдикатот, со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО, 52 вработени во подрачната единица во Куманово и ако има намалување на платите - 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk