Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основците и средношколците утре ќе се вклучат во акцијата Ден на дрвото.
Утрешната е 16-та по ред акција Ден на дрвото, со мотото “Засади успех“. Ќе се садат дрвца на локацијата Даштев рид во населбата Гоце Делчев.
Ќе се вклучат средношколците од сите средни училишта, а основците ќе садат во своите дворови. Ќе земат садници од „Македонски шуми“. Во истата акција ќе се вклучи и детската градинка „Ангел Шајче“. Во училиштата ќе се садат чемпреси таму каде има простор - вели Цветанка Арсиќ, советник во одделение за заштита на животна средина во општина Куманово.
За граѓаните оваа година нема да има организиран превоз бидејќи локацијата за пошумување е блиску. Се повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во акцијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk