И вечерва мирен протест низ Куманово

22.04.2016 20:13 | KumanovoNews

По четврти пат,  по улиците на Куманово се одржа протестен марш на кој беше побарана оставка на претседателот Ѓорѓе Иванови и повлекување на одлуките за аблоција.

И вечерва мирен протест низ Куманово

И вечерва протестот го организираше граѓанското здружение „Протестирам“ поддржано од невладини организации и опозициски партии.

Протестот започна пред Основниот суд Куманово, по што колоната граѓани се упати по улиците 11 Октомври, Трета МУБ и заврши на градскиот плоштад. Демонстрантите испишаа пораки на улиците „Нема правда, нема мир“. Протестот помина без инциденти, а граѓаните носеа македонски, српски и албански знамиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk