Идните парламентарки ќе работат во интерeс на жените

26.05.2011 15:01 | KumanovoNews

Работилница од кампањата “Каков белег ќе оставиме„, која ја спроведува Националниот демократски инситут и  Македонско женско лоби, денеска се одржа во Куманово.

Идните парламентарки ќе работат во интерeс на жените

Од претставничките на политичките партии кои се наоѓаат на листите за пратеници беше побарана подршка за родовите прашања во Парламентот.

Имаме покачување на жените во парламентот од првите избори од 3 проценти, до овие на 30 проценти. Нас не интересира економски да се зајакне положбата на женитe, да се подобри  здравствената заштита на жените, да се намали семејното насилство, да се зајакне работата на жените парламентарки, граѓанскиот сектор и синдикатот. Жените кандидатки изнесоа што планирале во својата политичка партија и кои се нивните заложби во рeализирање на истите-рече Савка Тодоровска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk