Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
УНЕСКО Клубот ХАЕМУС - Скопје во партнерство со Музеј Куманово и во соработка со Археолошкиот Институт на Америка, во недела на 16 октомври, по повод ,,Меѓународниот ден на археологијата„, ќе организира целодневна ексурзија ,,Игра на Тронови: едукативна тура за Кокино".
Настанот е од промотивен карактер, a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности, дебати и настани од разновиден карактер, пренесува порталот Плусинфо.
Целодневната екскурзија ќе започне со посета на Кокино, археолошки локалитет од бронзеното доба и архео-астрономската опсерваторија и ќе го опфати Североисточниот дел на Република Македонија. Во разгледот се вклучени посетата на месноста ,,Светиот Даб”, оригиналната византиска црква Св. Ѓорѓи (1313 год) и монашката ќелија на Св. Прохор Пчињски во с. Старо Нагоричино, како и посета на Музејот на град Куманово во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk