“Игри без граници“ за деца и родители

28.11.2014 09:43 | KumanovoNews

 Во салата на основното училиште “Христијан Карпош“ синоќа се одржаа спортската манифестација “Игри без граници“ на кои учествуваа родители и деца од сите основни училишта од Куманово.

“Игри без граници“ за деца и родители

Активноста “Игри без граници“ е дел од проектот Безбедни училишта, кој го реализира СВР Куманово под покровителство на ОБСЕ.

“Учествуваа 24 родители и нивните деца кои учат во училишта на подрачје на Куманово. Играа 7 различни несекојдневни игри, како пренесување на вода без да се истури, влечење на јаже, поминуваа обрачи и слично. Целта е да се поттикне комуникацијата меѓу родителите и децата и да нема детско престапништво. Родителите беа задоволни, сакаат да учествуваат и рекоа дека почесто треба да се организираат вакви игри „ - вели Виолета Богдановска, од отсек за превенција при СВР Куманово.

Сите учесници на “Игри без граници“ добија благодарници и симболични подароци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk