Илиќ: Да гласаме за европска Македонија

07.09.2018 14:46 | KumanovoNews

Советникот во Советот на Општина Куманово Томица Илиќ од СДСМ, ги повика граѓаните на Куманово, да донесат вистинска одлука и да излезат на референдумот на 30 септември за да гласаат за европска Македонија.

Илиќ: Да гласаме за европска Македонија

 - Македонија низ историјата помина низ многу крстопати и во клуичните моменти избираше иднина. Денеска сме горди на Илинден, АСНОМ и на референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти во борбата за наша независност и државност избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет да создадеме можност да создадеме живот на нашите деца. Како резултат на тоа денеска сме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат. Развојот на Македонија можеме да го постигнеме само во сојуз со големите светски сили, како рамноправна членка со право на глас.Токму тие светски сили даваат подршка и сакаат да ја видат Македонија во семејството на западните демократски држави, - изјави советникот Илиќ.

Тој потсети дека подршката на Македонија од големите светски сили се гледа од посетата на Столтенберг, Курц и Меркел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk