Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски вели дека влегува во вториот круг од изборите, откако се пребројани 97 отсто од гласовите.
„Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.
Тој очекува победа во вториот круг.
„Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг, додека ние имаме коалиционен партнер “, изјави Илиевски.
Од штабот на СДСМ велат дека Илевски има освоени околу 14.000 гласови, додека листата на советници околу 11.000 или над илјада повеќе од независната листа „За наше Куманово“.
Ваквиот исход го потврди и шефот на централниот изборен штаб на СДСМ Љупчо Николовски кој рече дека во мултиетничко Куманово, како Македонија во мало, левите сили се во водство, а дека ВМРО-ДПМНЕ е поразена.
Од општинскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ пак, изјавија дека се пребројуваат гласовите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk