Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Имаме само четири детски катчиња во општина од над 100.000 жители, со детско катче во секоја населба да обезбедиме среќно детство за сите наши деца во Куманово, порача денеска Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово при посетата на граѓаните од Бедиње и Карпош кадешто истакна дека само со аплицирање на проекти можеме да го придвижиме градот напред.
„Треба да ја искористиме шансата за соработка меѓу централна и локална власт. Секаде кадешто општината не може со општинскиот буџет да ги реализира проектите, тука се министрите, особено Оливер Спасовски, кои ни се ветар во грб за реализирање на секој проект кој значи подобрување на животот на кумановци“, најави Илиевски.
Илиевски рече дека секој проблем на граѓаните ќе биде слушнат од општината и решен во корист на граѓаните.
„Со едношалтерски систем воспоставен во општината ќе создадеме отворена и достапна општина за сите, кадешто секој граѓанин може да го пријави своето барање, за асфлатирање на улица, за улично осветлување, итн.“
Илиевски ја потврди својата заложба за продолжување на концептот Едно општество за сите.
„Не ги делам населбите по национална припадност на жителите, сите сме еднакви, ќе го решиме секој проблем на секој наш сограѓанин, тоа е во духот на концептот на СДСМ за соживот и меѓусебна соработка за подобар живот на сите граѓани. Поразителен е фактот што имаме само 4 детски катчиња во општина од над 100.000 жители. Како Општина мора да обезбедиме детско катче во секоја населба, за среќно детство за сите наши деца во Куманово”, заврши Илиевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk