Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, денеска на жителите на улицата Никола Тесла, им вети дека доколку добие мандат од граѓаните приоритет ќе му биде замена на водоводната мрежа на улицата, како асфалтирање улици и изградба на канализација.
„По деталното скенирање кое се вршеше во текот на измината година низ сите месни заедници, населби, маала, улици, за „Никола Тесла“ како приоритети кои се ставени во нашата програма е реконструкција на водниот режим и замена на азбестните водоводни цевки и решавање на проблемот со атмосферската канализација. Кумановци залужуваат чиста вода за пиење. Нема повеќе оправдувања, во 21- от век веќе нема простор да се зборува за инфраструктурни и канализационите проблеми. Тоа се основни потреби на еден граѓанин и на едно населено место“, кажа Илиевски.
Тој потенцираше дека предвидена е и изградба на пешачка патека и раззеленување на просторот, проект којшто граѓаните од овој дел го бараат.
„Во програмата „Најдоброто за Куманово“, предвидуваме изградба на пешачка патека покрај реката Којнарка од нас. Средорек па сé до училиштето „Киро Бурназ“. По должина на патеката предвидено е и хортикултурно уредување кое ќе допринесе за раззеленување на самата локација, како и изградба на тротоар кој е неопходен особено доколку се земе во предвид дека овде поминуваат ученици од едно подрачно основно и едно средно училиште“, заврши Илиевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk