Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на СДСМ, заедно со потпретседателот Оливер Спасовски, попладнево оствари средба со жителите на населбата „Перо Чичо“. Притоа најави дека доколку ја добие поддршката на граѓаните за прв човек на градот, со помош на централната власт планира да изгради детска градинка во населбата.
„Ова е моја населба и мое маало. Затоа многу добро знам со какви проблеми се соочуваат жителите и имам решение за нив. Предвидена е изградба на пат од потег Де лукс до населбата, уредување и пошумување на ново излетничко место Багрем бања, асфалтирање и изградба на пешачки патеки со дрвореди, изградба на детско катче, како и доасфалтирање на улиците со изградба на тротоари, осветлување и уредување на посточекиот канал“, најави Илиевски.
Тој истакна дека со помош и поддршка од централната власт и мнистерот Спасовски кој исто така потекнува од оваа населба, со заеднички сили ќе настојуваат да релаизираат се што е предвидено во програмата.
„Најголемо достигнување ќе биде изградбата на нова детска градинка со нови капацитети, нема повеќе ургенции за запишување на деца во градинка, бидејќи секое дете заслужува социјализација со своите врсници“, заврши Илиевски.
Илиевски попладнево ја посети и населбата Горно Којнаре каде најави затворање на дивата депонија помеѓу Долно и Горно Којнаре, а на нејзино место да се засадат дрвореди и пешачка патека, како и доградба на канализационата мрежа и доасфалтирање на улиците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk