Илинденски концерт на „Срма“ и „Бајрам Шабани“ во Центарот за култура

29.07.2024 10:50 | Оливера Пешевска

Заеднички концерт на Културно уметничките друштва „Срма“ и „Бајрам Шабани“ ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот во салата на Центарот за култура во Куманово. Ова е традиционален, четврти по ред ваков концерт кој се организира по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден.

 

Илинденски концерт на „Срма“ и „Бајрам Шабани“ во Центарот за култура

Публиката ќе има можност да проследи игри од македонскиот и албанскиот фолклор кои се подготвувани во текот на изминатава година.

„Во пресрет на нашиот голем празник Илинден преку концертот сакаме да прикажеме заедништво и соработка помеѓу нашите две фолклорни друштва „Срма“ и „Бајрам Шабани“ од Куманово кои постојат повеќе од 35 години. Преку заедничка игра и песна младите играорци даваат свој придонес во одбележување на празникот. Традицијата е она кое не поврзува и она преку кое подобро се запознаваме“, истакнува директорот Сашо Тодоровски.

Вообичаено концертот беше поделен на два дела- се играше на платото пред Центарот за култура, а целовечерна забава продолжуваше во салата, но поради реконструкцијата на малиот плоштад годинава програмата ќе се одржи во затворен простор.

Концеротот е финасиран од Министерство за култура, и е дел од Годишната програма на установата.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk