Има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странски тв канали

29.02.2020 11:47 | KumanovoNews

Постои согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

Има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странски тв канали

 Ова било заклучено на состанокот на претседателот на технничката Влада, Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

- На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, согласно интересот на државата и на граѓаните. Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали, - стои во соопштението од Владата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk