Имаме план и проекти за заштита на животната средина, најави Вељковиќ

27.09.2017 18:17 | KumanovoNews

 „Куманово не сме го наследиле од нашите предци, туку сме го позајмиле од нашите идни генерации и затоа треба сите сплотени да ја чуваме животната средина“, - порача кандидатката за советничка од коалицијата на СДСМ, Олгица Вељковиќ од ДОМ.

Имаме план и проекти за заштита на животната средина, најави Вељковиќ

„Свесни сме дека Куманово по број на жители, за 30-40 години, двојно се зголеми. Затоа создадовме план и проекти за зголемен капацитет и професионални услуги на јавното комунално претпријатие. Се обврзуваме постојано и навремено да го собираме комуналниот смет и да ги чистиме депониите и речното корито. Најбитно е да заживее регионалниот центар за управување и третман на цврстиот комунален отпад, со кој ќе се вброиме во земји кои ја практикуваат циркуларната економија, а со тоа и нови зелени работни места“,- изјави Вељковиќ на прес-конференција во паркот „Соколана“.  

Таа додаде дека е добро што граѓани во изминатите години застанаа јасно и гласно во заштита на животната средина, меѓутоа одбраната треба да започне од секој поединец и правно лице, коишто имаат општествена одговорност во средината во која живејат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk