Имаме план за поуреден град, вети Тодоровски

11.10.2017 13:12 | KumanovoNews

Куманово заслужува подобро, граѓаните сакаат да живеат во поубав град. Имаме план, имаме тим за да спроведеме капитални и реално остварливи проекти во Куманово, - рече на денешната прес-конференција, кандидатот за советник од листата на СДСМ Сашо Тодоровски.

Имаме план за поуреден град, вети Тодоровски

“Најавуваме стимулирање на граѓаните со проекти за фасади со енергетска ефикасност, комплетно ревитализирање на целокупното јавното осветлување со фотоволтаични колектори, целосна регулација на речното корито и поврзување со пешачки патеки и простори за рекреација, обновување на домот за стари лица „Зафир Сајто“ и обезбедување на потребни помагала за старите и изнемоштени лица, создавање на пешачки зони во централно градско подрачје,изградба на трим патеки, отворени фитнес зони на градскиот кеј и на градскиот парк, стандардизирање на урбаната опрема во градот, канти за отпадоци, клупи, канделабри, информативни табли и уредување и осветлување на училишните дворови“, - изјави Тодоровски.

 Тој ја побара подршката од граѓаните на Куманово, за да создадат живот во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk