Именувани нови државни правобранители во Куманово

11.11.2020 15:26 | KumanovoNews

 Владата на вчерашната седница назначи двајца правобранители во Куманово.

Именувани нови државни правобранители во Куманово

- На предлог на Комисијата за именување, Владата согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на Република Северна Македонија, за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Куманово ги именуваше: Драган Јовановски и Бесим Весели, - соопштуваат од Владата.

 Oгласот е објавен уште минатата година а во него стои дека за државен правобранител може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk