ИН МЕМОРИАМ: Почина адвокатот Жикица Стoилковиќ

26.02.2020 11:40 | KumanovoNews

На 62 годишна возраст, вчеравечер, ненадејно почина познатиот адвокат Жикица Стоилковиќ од Куманово.  

ИН МЕМОРИАМ: Почина адвокатот Жикица Стoилковиќ

Жикица Добросав Стоилковић е роден 11.12.1958 година во Куманово. Завршил Правен факултет во Скопје, а својата професионална кариера ја започнал како раководител на Правниот сектор во поранешна ФЗЦ во Куманово. Потоа се посветил на адвокатурата и повеќе од 30 години работел како успешен адвокат во Куманово. Втор мандат е претседател на Адвокатската заедница во Куманово и член на Адвокатската комора на Македонија.

Нашиот град изгуби голем човек, професионалец, угледен сограѓанин, а семејството сакан и почитуван сопруг и татко.

 Посмртните останки се изложени во неговиот семеен дом, а погребот ќе се изврши утре (27.2) во 13 часот, на Градските гробишта во Куманово.

Адвокатската заедница во Куманово, денеска во 14.30 часот во Основниот суд во Куманово ќе оддржи Комеморативна седница по повод смртта на Стоилковиќ.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk