Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До крајот на месецов во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се одржат Инфо денови за запознавање со ИПАРД програмата.
Инфо деновите ги организираат Платежна агенција, Министерството за земјоделство и Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
“На 25 август ќе бидеме во кумановските села Клечовце и Стрезовце, на 26 во Старо Нагоричане, Никуљане и Младо Нагоричане, а потоа е општина Липково на ред на 27 во село Липково и Никуштак. Жителите директно ќе се запознаат како да аплицираат и да кажат кои проблеми ги имаат. Значи директни средби на овие три институции со земјоделците“- вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
Во меѓувреме е отворен конкурсот за аплицирање за ИПАРД програмата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk