Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 170 студенти по информатика и геодезија од оваа академска година ќе студираат во Куманово. Наставата за дисперзираната студиска програма e предвидено да се одвива во просториите на Пионерскиот дом.
Уписот за овие програми е во истиот период како и за програмите на сите универзитети во државата. На 3 и 4 септември беше вториот уписен рок и на 17 септември е третиот уписен рок. За дисперзираната студиска програма по информатика во Куманово има 70 слободни места. За диспезираната студиска програма по геодезија во Куманово предвидени се 100 слободни места - велат од Минситерството за образование.
Се работи за студиски програми кои функционираат на матичните факултети и оваа година за прв пат се прави обид да се префрлат во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk