Информативни табли за локалитети изработија учениците

29.03.2014 15:59 | KumanovoNews

Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“ денеска на волонтерски камп организиран од Центар за меѓукултурен дијалог изработуваа информативни табли за локалитетите и знаменитостите во околината на Куманово.

Информативни табли за локалитети изработија учениците

32 ученици се обидоа на инвентивен начин да ги презентираат локалитетите за да бидат примамливи за туристите.

Работевме сложно и гледавме да се покажеме во најдобро светло, да бидеме креативни. Јас првпат учествувам во волонтерска сфера. Имам убав впечаток, и сакам и понатаму да продолжам бидејќи се пронајдов тука - вели Лаура Живиќ, ученичка во “Гоце Делчев“.

Акцент беше ставен на Кокино и знаменитостите во Општина Старо Нагоричане.

Таблите ќе бидат поставени на неколку локации во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане вклучувајќи ги тука и Меморијалниот центар во Пелинце и ќе служат за информација на туристите, кога ќе дојдат на покреативен начин да бидат информирани за понудите на овој регион. Идејата е преку таа акција да придонесат за промоција на туризмот и на заедницата. Ова е уште една соработка во низа со гимназијата за да ги мотивираме учениците да се вклучат во волонтеризам - изјави Ивана Давидовска, координатор на проектот “НетВес“.

Волонтерскиот камп практично е завршница на  проектот “НетВес“ кој го реализираат ЦИД со партнерите Европски Институт од Благоевград од Бугарија, со средства од ИПА фондовите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk