Инспекцијата дели решенија за отстранување на дивите пазари

11.07.2011 14:13 | KumanovoNews

 Инспекциските служби од Куманово денеска напишале 14 решенија за отстранување на инпровизираните тезги и камиони поставени на дивиот пазар кај Спортската сала.

Инспекцијата дели решенија за отстранување на дивите пазари

 Само еден од сопствениците го примил решението, додека останатите негодувале и се противеле на одлуката да го напуштат узурпираниот постор.

Инспекторите ги посетиле и препродавачите околу зелениот пазар на кои им било дадено усно предупредување да се иселат или во спротивно утре ќе бидат евидентирани. Комуналната инспекција ќе продолжи со акцијата до среда, по што во четврток со полициска придруба ќе се отстрануваат продавачите кои нема да ја почитуваат одлуката- велат од општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk