Изложба на инсталацијата „Лумина“ на авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски во Куманово

15.09.2022 14:42 | Сузана Николиќ

Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот, ќе биде претставена инсталацијата „Лумина“ од авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски. 

Изложба на инсталацијата „Лумина“ на авторите Владимир Николовски и Марио Стошевски во Куманово

Се работи за поставка со повеќе објекти со аплицирани лед светла - прв проект на овие двајца млади автори од Куманово.

„Проектот „Лумина“ - Славење на светлината, е празнување на основата на целото постоење, оваа изложба е замислена како едно уживање и играње со светлината. Ние како уметничко дуо кое се бави со вајарство, дигитално сликарство и дизајн нудиме една можност да се види трансформацијата на еден простор со уметнички инсталации со светлина, хармонија на форми, бои и амбиент со цел да пробуди кај гледачот едно чувство на благодарност кон светлината како темел на сѐ“, велат авторите за проектот „Лумина“.

Владимир Николовски е роден во Куманово во 1995 година, има завршено средно училиште при ДУСЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје на отсекот вајарство, потоа дипломирал на Факултет за драмски уметности – Скопје на отсек театарска режија. Работи како ликовен уметник и театарски режисер.

Марио Стошевски е роден 1995 година во Куманово. Средно образование завршува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје на отсек вајарство, а потоа дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на
отсек графика. Работи како илустратор и слободен уметник.

Инсталацијата ќе биде поставена до 22. септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk