Интензивни врнежи на снег во Куманово

01.04.2020 10:26 | KumanovoNews

Куманово утринава осамна со интензивни врнежи на снег.  Снегот не престана да паѓа цело предпладне и снежната покривка е над 10 сантиметри.

Интензивни врнежи на снег во Куманово

 Утрово врнежи има во целава земја и речиси насекаде се од снег, а дожд врне само во крајните јужни делови. На повисоките места дува слаб до умерен северен ветер.

Времето денска ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во долниот тек на Повардарието ќе бидат од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнет воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 см, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk