Интензивно работиме на проблемот со загадувањето, тврди Димитриевски

15.12.2019 21:01 | KumanovoNews

По денешниот протест против аерозгадувањето во Куманово, се огласи градоначалникот Максим Димитриевски, кој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради генералниот проблем со загадувањето на воздухот, на кој интензивно работат на негово решавање.

Интензивно работиме на проблемот со загадувањето, тврди Димитриевски

„Ја разбирам загрижеността на граѓаните поради загадувањето на воздухот во нашата општина. Тоа е генерален проблем, на кој интензивно како општина работиме. Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Мaкедонија се гуши“ се веќе реализирани, но секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена. Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свестта кај нас за чиста животна средина“, -  соопшти Димитриевски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk