Интензивно се работи на изградба на спортски терени на комплексот Спомен костурница

17.04.2021 10:33 | KumanovoNews

Во тек се градежните активности за изградба и уредување на спортските терени на комплексот Спомен костурница во Куманово. 

Интензивно се работи на изградба на спортски терени на комплексот Спомен костурница

Согласно проектот предвидена е изградба на амфитеатар на постоечкото игралиште, а дополнително ќе се изградат три нови спортски терени, трим патеки за пешачење и трчање, ќе се постави и опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема, осветлување и дополнително ќе се озелени просторот со нови садници.

„Ќе продолжиме да ги зголемуваме спортските капацитети и дополнително да создаваме поголеми можности за нашите граѓани да се рекреираат и да спортуваат“, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Уредувањето на Спомен костурницата се спроведува преку проект за прекугранична  соработка на општините Куманово и  Гњилане,  „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство“ помеѓу Косово и Македонија. Преку проектот се предвидени 477.000 евра за партерно уредување на Спомен костурницата во Куманово и реконструкција на музејот во Гњилане.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk