Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, денеска го посети манастирот „Свети Ѓорѓи„ во селото Старо Нагоричене, за да се увери со која динамика се одвиваат активностите во рамките на проектот за конзервација и ревитализација на црковно-туристичкиот комплекс.
Проектот „Конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане" предвидува целосно уредување и оплеменување на центарот на селото.
Се работи на фортификација на камбанаријата, потоа на изградба на сосема нов паркинг-простор, адаптација на старата училишна зграда во музејска поставка, реновирање на селската чешма и партерно уредување на селскиот плоштад. Во периодот што следува ќе бидат реализирани и други активности кои се во функција на ревитализација на црковниот комплекс и неговата околина, меѓу кои се и собирање на етнолошки предмети кои ќе бидат изложени како експонати во училишната зграда, ќе биде поставена адекватна електрична инсталација и осветлување, поставување на дренажен систем, уредување на црковниот двор, изградба на тоалети, обезбедување приод за лица со посебни потреби, поставување информативни табли и друго -рече информираше министерката.
Националниот конзерваторски центар директно е вклучен во реализацијата на овој значаен проект со пет тима кои активно работат на сите фази за целосна ревитализација на овој значаен комплекс во Старо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk