Интернационален фестивал на современа класична музика „Одеци“ во Куманово

11.05.2022 13:49 | Сузана Николиќ

Во Куманово, во наредните два дена (четврток и петок), ќе се одржи првиот Интернационален фестивал на современа класична музика „Одеци“.

Интернационален фестивал на современа класична музика „Одеци“ во Куманово

Фестивалот е посветен на Трајко Прокопиев, еден од основоположниците на македонската музичка култура, чии дела го претставуваат нејзиниот основен фундамент, композиторот со кој се гордее Куманово и Македонија. 

„Публиката ќе има неповторлива можност да ужива во изведбата на навистина уникатни артисти чија уметност веруваме дека е одек на делото на Прокопиев“, соопштуваат организаторите.

Првиот концерт ќе го одржи во Занаетчискиот дом со почеток во 19.30 часот, а ќе настапи оркестарот „Синфониум“ под диригентска палка на Филип Петровски.

Во петок манифестацијата продолжува во Центар за култура „Трајко Прокопиев” со почеток во 20.30 часот, а публиката ќе има можност да ги види и чуе: LUKE ITCH feat ADI IMERI (Македонија), YEGOR ZABELOV  (Белорусија), FunGo TanGo PROJECT  (Македонија/Србија/Австрија) и DEEP STEADY ( Србија )

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk