Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изложбата „Интимност и интерконекција“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе биде отворена утре /петок/ во 19.30 часот во Уметничката галерија во Куманово.
Продукцијата е од јубилејното 20-то биенално издание на „Зимскиот салон 2024“ на која се селектирани дела на 35 уметници, уметнички слики и видео презентации.
Изложбата ќе ја отвори проф. др. Јана Манева – Чупоска, претседателка на ДЛУМ.
„Гран – при наградата ја доби уметницата Тања Балаќ. Самата изложба го обработува универзалниот јазик на луѓето, нивниот интимен свет, внатрешни чувства и нивната поврзаност со луѓето“, стои во поканата.
Ова е една од најзначајните групни изложби и претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.
Оваа изложба се смета за една од најзначајните на ДЛУМ и беше отворена во Скопје во февруари, се претстави и во Штип, а сега и во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk