ИПА фондовите можност за локален екомски развој

27.04.2010 14:21 | KumanovoNews

 "ИПА фондови како можност и перспектива за локален економски развој"беше насловена работилницата што ја организираше Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетнички дијалог и развој на заедницата "Заеднички вредности".

ИПА фондовите можност за локален екомски развој

 Партнер во организирањето на работилницата е Центарот за Ромска заедница "ДРОМ".

"Оваа е втора работилница од проектот "Човекови права - база за локален економски развој".На работилницата се разговараше за подобра и поквалитетна абсорпција за примање на информации за програмите од ИПА за петте компоненти и за програмата на локалната власт"-вели Ахмет Јашаровки локален координатор на проектот.

 За Македонија се отворени две компоненти за претпристапна помош, меѓугранична соработка и компонента за рурален развој. За Куманово  конкретно отворена е соработката со Бугарија.

„Сепак, генерално заклучок е дека се потребни соодветни обуки со кои ќе може да се искористат средствата од европските фондови"-вели Зоран Павловски од Секторот за финансии при општина Куманово.

На работилницата учествуваа претсавници од општината, Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија, Канцеларијата на ЕУ во Македонија,како и претставници од невладиниот сектор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk